Протести

Бран на младинско незадоволство низ Европа

01.11.2026 13:32

Во Франција имаше судири во Париз, Лион, Марсеј, Рен и Тулуз, а неколку полицајци беа зафатени од пламен. Уапсени се над 500 лица.

Европа се соочува со нов бран младинско незадоволство. Протестите против скапиот живот, високите кирии и лошите услови во образованието прераснаа во немири.

Во Франција имаше судири во Париз, Лион, Марсеј, Рен и Тулуз, а неколку полицајци беа зафатени од пламен. Уапсени се над 500 лица.

Насилство имаше и во Германија и Холандија, додека во Лисабон илјадници граѓани протестираа против зголемувањето на кириите.

Протестите продолжија и во Албанија, со барања за оставка од премиерот Рама.