Свет
Поделби околу Украина на состанокот на Г20
01.11.2026 15:04
Американскиот државен секретар Рубио порача дека дијалогот меѓу Вашингтон и Москва мора да продолжи за да се спречи ескалација.

Без заедничка декларација заврши состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во Атланта. Поделбите околу Украина ги засенија разговорите.
Американскиот државен секретар Рубио порача дека дијалогот меѓу Вашингтон и Москва мора да продолжи за да се спречи ескалација.
„Се води многу сурова и разорна војна, која изгледа како да е во ќор-сокак, со опасност од ескалација и проширување на други места. Нашиот единствен фокус е дали САД можат да помогнат во постигнување договор за завршување на оваа смртоносна и разорна војна“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
