Воен конфликт

Продолжуваат нападите меѓу Москва и Киев

01.11.2026 16:45

Новите руски напади со дронови погодија украинска железничка станица во Сумската област и товарен брод во близина на Одеса.

Новите руски напади со дронови погодија украинска железничка станица во Сумската област и товарен брод во близина на Одеса. Во меѓувреме, стотици украински дронови биле пресретнати над руска територија.

На дипломатски план, Зеленски во Истанбул разговараше со Ердоган за безбедноста во Црното Море и можностите за завршување на војната. Најави трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија во првата половина на ноември, со Турција како можна локација.

Трамп, пак, најави дека ќе го покани Зеленски на самитот на Г20 во Мајами, каде покана добил и Путин.