Македонија

Избори во Брвеница: Излезноста до 13 часот е 27,81 отсто

01.11.2026 14:05

На вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, до 13 часот гласале 4.518 избирачи, односно 27,81 отсто од запишаните во избирачкиот список. Според податоците на Државната изборна комисија, излезноста е зголемена за 7,31 процентен поен во споредба со првиот круг, одржан на 18 октомври.

Според пресекот на Државната изборна комисија во 13 часот, на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, односно 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Податоците се од пристигнатите информации од 24 избирачки места. Во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, излезноста е зголемена за 7,31 процентен поен.

Од ДИК информираат дека до 13 часот е пристигнат еден приговор за заштита на личното избирачко право. Приговорот е усвоен, по што на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.