Заврши гласањето во Бугарија, се очекуваат првичните резултати од претседателските избори
Заврши гласањето на претседателските избори во Бугарија. Според излезните анкети, актуелната вршителка на должноста претседател, Илијана Јотова, има предност пред противкандидатот Андреј Ѓуров. Излезноста е нешто повисока во споредба со првиот круг.

Бугарија гласаше за седмиот претседател на државата. Гласачките места затворени, се чекаат првичните неофицијални резултати од гласањето. Излезноста за некој процент повисока од првиот круг. Според податоците од излезната анкета, актуелната ве-де претседателка Илијана Јотова ја задржува предноста пред нејзиниот противкандидат, Андреј Ѓуров. Гласав за барање и наоѓање национална согласност преку дијалог, разговор и сите бугарски институции да работат за народот на Бугарија. Гласав за Бугарија да биде силна земја во силна Европа, но и да има своја надворешна политика и ’рбет кога треба да го брани најважното, националниот интерес, изјави Јотова, откако го оствари гласачкото право.
Според поранешниот привремен премиер, и претендент за претседателската функција, поддржан од опозицијата, Андреј Ѓуров, претседателска институција треба да биде столб на државноста, националниот идентитет и јавната волја за правда.
Изборите во земјата, членка на Европската Унија и на НАТО, која се наоѓа на источното крило на двата блока, во сенка на војната во Украина. Црното Море, со кое се граничи Бугарија, сè повеќе станува сцена на конфликти поради сè почестите напади со беспилотни летала врз трговски бродови. Конечните резултати за претседател и потпретседател, Централната изборна комисија треба да ги објави во рок од три дена по денот на изборите.
Милчо Велески
