Кривичен суд

30-дневен притвор за четворицата осомничени за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

01.11.2026 16:34

За двете убиства осомничени се три лица од Скопје и еден од Струмица. Неофицијално, тројцата го признале делото, додека струмичанецот тврдел дека бил само возач и не знаел за убиствата.

Скопскиот Кривичен суд им одреди 30-дневен притвор на четворицата осомничени за двете убиства во Хром и во Ѓорче Петров. На осомничените претходно два пати им беше одредуван краткотраен, 48-часовен притвор.

За двете убиства осомничени се три лица од Скопје и еден од Струмица. Неофицијално, тројцата го признале делото, додека струмичанецот тврдел дека бил само возач и не знаел за убиствата.

Сите се под истрага за разбојништво, со смртни последици.

Во Ѓорче Петров беше убиена 76-годишна жена, која живеела сама, а врз која имало видливи траги на насилство. МВР неколку дена претходно информираше дека во неговиот стан во Хром бил пронајден мртов 62-годишен маж.

Обдукцијата на телата е завршена, се прават дополнителни ДНК анализи, по што идната недела извештајот треба да биде доставен до Обвинителството.