Македонија

Новиот модел за субвенциониран студентски оброк прифатлив за студентите

01.11.2026 17:16

Сепак, од организацијата, поставуваат два услови, договорените решенија да бидат внесени во Законот за субвенциониран студентски оброк и списокот на компаниите и маркетите да биде јавно објавен пред стапувањето на законот во сила.

„Студентски отпор“ го прифаќа новиот модел за субвенциониран студентски оброк, предложен од Владата и Министерството за образование, со кој месечниот износ би се зголемил од 3.500 на 4.500.

Сепак, од организацијата, поставуваат два услови, договорените решенија да бидат внесени во Законот за субвенциониран студентски оброк и списокот на компаниите и маркетите да биде јавно објавен пред стапувањето на законот во сила.

Во соопштението наведуваат дека одлуката ја донеле по широки консултации со студентите, по средбата на која премиерот и министерката за образование понудиле пакет-решение за мерката.

Предложениот модел предвидува воведување нов систем за студентски оброк, наречен „М-студентски оброк“, а попустите да важат до крајот на месецот, без оглед дали студентот ја потрошил целата сума од 4.500 денари.