Избори

ДИК: Во Брвеница до 15 часот гласале 40,49 отсто од избирачите

01.11.2026 16:54

Од ДИК соопштија дека податоците се добиени од сите 24 избирачки места и дека гласањето се одвива непречено и без проблеми.

Вкупно 6.579 избирачи го оствариле правото на глас до 15 часот на вториот круг од предвремените локални избори во Општина Брвеница. Излезноста е 40,49 отсто, што е за 9,32 процентни поени повисока во споредба со истиот временски пресек во првиот круг, информираат од Државната изборна комисија.

Од ДИК соопштија дека податоците се добиени од сите 24 избирачки места и дека гласањето се одвива непречено и без проблеми.

Најголем одѕив е регистриран на избирачкото место 2044, каде што гласале 72,12 отсто од запишаните избирачи, а најмал на избирачкото место 2036, со излезност од 19,25 отсто.

Во однос на заштитата на избирачкото право, до Комисијата биле поднесени три приговори. Два биле усвоени, со што на гласачите им било овозможено да го остварат правото на глас, додека еден приговор сè уште бил во постапка на обработка.