Одбојка СП жени – Италија 2014

Се чека извлекувањето за четвртфиналните групи!

05.10.2014 22:34

Светскиот шампион Русија не дозволи елиминација и со победата против Србија им се придружи на САД, Бразил, Кина, Италија и на Доминаиканската Република во четвртфиналната фаза по групи на женското Светско првенство во одбојка. 

Светскиот шампион Русија не дозволи елиминација и со победата против Србија им се придружи на САД, Бразил, Кина, Италија и на Доминаиканската Република во четвртфиналната фаза по групи на женското Светско првенство во одбојка. 

Русинките не смееја да си дозволат ниту победа во пет сета, па затоа освен првиот, во којшто Србија пропушти две топки за 1:0, славеа со макимални 3:0. Со тоа „зборнаја“ го освои третото место во групата Ф во којашто Бразил славеше против САД со 3:0, па заврши на првото место и остана единствен без пораз на мундијалот. Американките кои претходно имаа обезбедено трета фаза се втори.. Во мечевите за престиж во оваа конкуренција, Турција го совлада Казахстан со 3:0, а Холандија беше поуспешна од Бугарија со 3:1.

Во директниот дуел за првата позиција во групата Е, домаќинот Италија со 3:1 и го нанесе првиот пораз на шампионатот на Кина и го избегна олимпискиот шампион Бразил за противник во третиот круг. Кинеските се втори, Доминиканската Република трета иако загуби од Јапонија со 3:2. Во  мечот којшто немаше влијание, Белгија триумфираше против Хрватска со 3:1.

Како првопласирани во втората фаза, Бразил и Италија ќе бидат носители на двете групи во четвртфиналната рунда. Како ќе бидат прераспределени преостанатите четири репрезентации ќе реши утрешното извлекување. Двете кола пред полуфиналето ќе се одиграа од среда до петок со преноси на Македонската телевизија.