Битола

Алта банка АД Битола времено ги затвори експозитурите за работа со клиенти

02.11.2026 11:12

По одлуката Народна банка да го преземе управувањето со Алта банка АД Битола и ограничувањата граѓаните да можат да трошат само по 10 илјади денари неделно, Алта банка времено ги затвори своите експозитури за работа со клиенти. Но, и утрово голем број граѓани бараа да влезат и да ги подигнат своите средства. Не се согласуваат со овие ограничувања. Најголемиот дел од нив се пензионери кои парите најчество ги подигнуваат од шалтер. Велат со 10 илјади денари неделно не можат да живеат ниту сметките да ги платат…

И по информацијата дека експозитурите на Алта банка АД Битола од денес нема да работат со клиенти, утрово загрижени граѓани во голем број чекаа да влезат. Не се задоволни од ограничувањата да можат да трошат само 10 илјади денари неделно. Бараат да им се овозможи пристап до сите нивни средства. Најзасегнати се оние граѓани кои не можат да вадат пари со картичка од банкомат.

Со цел заштита на имотот на банката, во наредните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќања од сметките на клиентите на банката. Електронското банкарство не работи, а граѓаните од сметките ќе можат да трошат само 10 илјадни денари неделно. Додека корисниците на кредит, треба редовно да ги подмируваат обврските кон банката. По оваа одлука се огласија и од Алта банка АД Битола.

„Почитувани клиенти, 

Ве информираме дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на Алта банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување“, стои во соопштението на Алта банка.

Извршниот одбор на Народна банка на РС Македонија, на први ноември донесе решение, со кое се воведува администрација во Алта банка АД Битола. Од таму велат мерката е привремена и се воведува за заштита на имотот на банката и средствата на граѓаните.

 

Александра Максимовска