Илијана Јотова е новата претседателка на Бугарија
Илијана Јотова ја победи претседателската трка во Бугарија и стана првата жена на чело на државата. Во вториот круг освои 57,58 отсто од гласовите, наспроти 39,47 проценти за Андреј Ѓуров.

Илијана Јотова ја победи претседателската трка во Бугарија и стана првата жена на чело на државата. Во вториот круг освои 57,58 отсто од гласовите, наспроти 39,47 проценти за Андреј Ѓуров. Нов потпретседател ќе биде Кирил Валчев. По победата, Јотова им се заблагодари на гласачите и најави дека ќе ги слушне и оние кои не ја поддржале.
„Ќе направиме сериозна анализа и ќе одговориме на нивните грижи и надежи“, рече Јотова.
Ѓуров го призна поразот, но порача дека политичката одговорност продолжува и по изборите.
„Власта мора да им служи на бугарските граѓани, а не на самата себе“, порача претседателски кандидат, Андреј Ѓуров.
Премиерот Радев ѝ честиташе на Јотова и оцени дека граѓаните избрале мир, стабилност и нормалност.
