САД
Американците одлучуваат кој ќе ја има контролата врз Конгресот
02.11.2026 16:27
Американците излегуваат на конгресни избори кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон и ќе бидат тест за поддршката на Трамп...

Американците излегуваат на конгресни избори кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон и ќе бидат тест за поддршката на Трамп. Демократите се надеваат на „син бран“, со предност од 11 процентни поени во анкетите – 47 наспроти 36 насто.
Растот на цените, царините и војната со Иран дополнително ги оптоваруваат републиканците. Речиси 55 милиони Американци веќе гласале предвреме.
Евентуална победа на демократите би можела да ја ограничи политичката моќ на Трамп.
