Руско - украински конфликт
Истече примирјето во Олешки, Украина евакуираше цивили од делови на Херсонската област
02.11.2026 10:42
Примирјето во украинскиот град Олешки заврши синоќа, откако беа евакуирани повеќе од 750 луѓе. Во меѓувреме, Русија соопшти дека погодила воен објект и товарен брод кај Одеса, при што биле повредени четири лица.

Украинските сили наводно нападнале нафтен објект во руската Самарска област. Зеленски изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Путин во Турција, со цел постигнување мир. Кремљ рече дека Путин би прифатил директен телефонски разговор со Зеленски, доколку поканата дојде од Киев.