Блиски Исток

Иран нуди отворање на Ормуз за два дена, се чека одговор на САД

02.11.2026 11:02

Понудата, пренесена преку катарски посредници, е условена со укинување на американските ограничувања за иранските нафтени бродови, ослободување на замрзнатиот имот и укинување на санкциите за извоз на нафта.

Иран нуди отворање на Ормускиот Теснец за два дена, се чека одговорот на САД. Понудата, пренесена преку катарски посредници, е условена со укинување на американските ограничувања за иранските нафтени бродови, ослободување на замрзнатиот имот и укинување на санкциите за извоз на нафта. Во меѓувреме, Техеран порачува дека е подготвен и за дипломатија и за воена одбрана откако Трамп повторно се закани со можни воени удари.

„Се надеваме дека од другата страна ќе има доволно разум за да ја изберат дипломатијата наместо другите опции. Но, ние сме целосно подготвени и за другите сценарија. Подготвени сме да се браниме, но и да преговараме. Кој пат ќе го изберат Американците зависи од нивната разумност“, изјави Абас Арагчи, шеф на иранската дипломатија.