Деветмина загинати по пад на приватен авион на Флорида
Авионот летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил натрупување мраз на авионот и силна турбуленција, а потоа испратил повик за помош, предупредувајќи дека леталото неконтролирано губи висина.

Девет лица загинаа откако приватен авион „Лирџет 60“ се урна врз станбена област во округот Палм Бич, во Флорида. Авионот летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Нема информации за повредени лица на земја. Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил натрупување мраз на авионот и силна турбуленција, а потоа испратил повик за помош, предупредувајќи дека леталото неконтролирано губи висина.
„Ова беше катастрофална авионска несреќа. Авионот изгледаше како ракета што паѓа. Зад себе остави голем кратер покрај патот, а остатоци од леталото беа расфрлани на голема површина. Засега нема информации за повредени на земја. Сите девет жртви биле во авионот“, изјави Десантис, изјави Рон Десантис, гувернер на Флорида.
Причините за падот засега не се познати. Истрагата ја водат американската Федерална управа за воздухопловство и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.
