Бројот на работници во индустријата намален за 2,9 отсто во септември
Бројот на работниците во индустријата во септември годинава е намален за 2,9 отсто во споредба со истиот месец лани. Најголем пад е регистриран во рударството и вадењето камен, каде што бројот на вработени е намален за 7,6 отсто. Намалување има и во преработувачката индустрија, додека во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и пареа е забележан раст.

Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година е намален за 2,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем пад на бројот на работници е регистриран во секторот рударство и вадење камен, од 7,6 отсто. Во преработувачката индустрија намалувањето изнесува 2,9 отсто, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан раст од 1,5 отсто.
Намалување на бројот на работниците е евидентирано кај сите главни индустриски групи. Кај нетрајните производи за широка потрошувачка изнесува 4,5 отсто, кај капиталните производи 2,7 отсто, исто колку и кај интермедијарните производи, освен енергијата.
Кај енергијата намалувањето е 1,6 отсто, а кај трајните производи за широка потрошувачка 1,7 отсто.
Според статистичките податоци, во периодот од јануари до септември 2026 година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.
