Повторно почна судењето за „Онкологија 2“
Судењето за случајот „Онкологија 2“, против поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи, почна одново поради промена на член на Судскиот совет. Обвинетите повторно негираа вина, а одбраната оцени дека обвинението се темели на претпоставки, а не на реални докази.

Поради промена на судија член на Судскиот совет, судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовесно работење и финансиски криминал почна од почеток.
Обвинетите Васев и Нухи повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Одбраната на Васев во воведниот говор посочи дека обвинението не се базира на реални докази и се водела по претпоставки. Судот информираше за доставена листа на дополнителни докази од обвинителството, за што реагираа од одбраната.
Според обвинението Васев и Нухи незаконски набавувале лекови ги прикривале преку фиктивни тендери, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Минатата година во ноември ова судење имаше исто така нов почеток, поради промена на еден од поротниците во Судскиот совет.
