Колку е заштитен енергетскиот систем од кибернапади?
Дигитализацијата носи поголема ефикасност и подобри услуги, но енергетскиот сектор мора да биде заштитен од кибернапади. Во земјава почна да се спроведува проект за исполнување на оваа цел.

Два кибернапада минатата година. Македонија успеала да се справи со заканите, но предизвикот е како да спречи ваквите напади да го загрозат енергетскиот систем. Изработени два документи, методологија за формирање посебен тим за брза реакција при кибернапад и проценка на безбедноста во енергетскиот сектор кој ќе овозможи побрзо откривање на нападите, навремена размена на информации и подобра координација меѓу институциите и енергетските компании.
Со овие механизми енергетските субјекти ќе добијат појасна рамка за тоа како да постапуваат при безбедносни инциденти, но и кому да се обратат и кои информации да ги споделат.
„Денеска не e само покажување на резултатите на овој важен проект, туку е и уште еден чекор кон јакнење на отпорноста на критичната инфраструктура на Северна Македонија, јакнење на националните кибер капацитети и подготовка за предизвиците на растечката дигитална иднина“, изјави Ана Чернишова, заменичка на постојаниот претставник на УНДП Северна Македонија.
Целта на долг рок – спречување на кибернападите кои би можеле да го загрозат снабдувањето со електрична енергија и да предизвикаат проблеми за граѓаните и компаниите.
Во време на забрзана дигитализација зајакнувањето на безбедносниот систем бара заеднички пристап.
Ана Јосифоска
