Врнежите ќе ги забават есенските активности во земјоделството

06.10.2014 09:50

Повторно врнежи. Неделава не очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. На земјоделците и есенските активности ќе им донесат повеќе проблеми отколку корист...

Земјоделците никако да здивнат од дождливото време. Врнежите и високата влажност на почвата и на воздухот во наредниот период повторно ќе ги забават или ќе предизвикаат застој во есенските активности на аграрниот  календар.

Така на пример, според временската прогноза, неизвесност ќе има околу довршувањето на бербата на преостанатиот дел од реколтата на винското грозје, овошјето и градинарството.

Според агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи, и според експертите, ваквите временските услови негативно ќе се одразат и на дозревањето на плодовите кај растенијата, како и при сушењето на тутунот од годинешниов род.

Методија Трајков