Ана Дурловски- првиот македонски уметник во престижната Метрополитен опера

06.10.2014 09:58

Историски настап на првиот македонски oперски уметник во њујоршката Mетрополитен опера. Сопранот Ана Дурловски во улогата на „Kралицата на ноќта“ во Моцартовата „Волшебна Флејта“ ги освои симпатиите на американската публика уште на генералната проба. Првиот од деветте настапи Ана Дурловски ќе гo има доцна вечерва...

Волшебен настап во Моцартовата „Волшебна флејта“ на Кралицата на ноќта, Ана Дурловски. Таа е првиот македонски уметник којшто имал можност да настапува во престижната Метрополитен опера во Њујорк.

„За мене пред се како уметник е голема работа. Се надевам дека тоа е и за нашата држава исто така. Во секој случај искуството што тука се стекнува, верувам дека ќе може да се пренесе и во Македонија“, изјави Ана Дурловски за МРТ.

Ана Дурловски со својот глас ги освои срцата на американската публика уште на генералната проба, а доцна вечерва ќе го има првиот од 9-те настапи во њујоршката Метрополитен опера. 

„Метрополитен е сепак нешто што не можете да го ставите во ниту една категорија. Тоа е посебна категорија. Тука има посебна публика на којашто треба да и се угоди“, додава Дурловски.

Дурловски над 180 пати ја изведува оваа улога во Волшебната флејта, овој пат под дигирентство на Адам Фишер, во режија на Џули Тејмор, заедно со колегите од Берлинската и Метрополитен опера.

Метрополитен операта е најголемата оперска куќа во Северна Америка, изградена во 1880-та година.

 

Ирина Гелевска