Собрание

Надзорна расправа за случајот со Алта банка на Комисијата за финансирање и буџет

02.11.2026 19:00

Власта и опозицијата се договорија. На Комисијата за финансирање и буџет ќе има надзорна расправа за случајот со Алта банка Битола. Од првичниот предлог на СДСМ, да се расправа за причините за воведувањето администрација, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност за измама на граѓаните, на барање на ВМРО-ДПМНЕ изоставен последниот дел, зашто пратениците, не се судии.

На Комисијата за финансирање и буџет ќе има надзорна расправа за случајот со Алта банка Битола. Ќе се расправа за причините за воведувањето администрација, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност. Првичниот предлог од СДСМ изменет на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Власта не бега од дебата треба, но и не треба да не се политизира, став на ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата, случајот со Алта банка отвора сериозни прашања за надзорот врз банкарскиот систем, заштитата на штедачите и одговорноста на надлежните институции. Претседателката на комисијата Лукаревска посочи дека приоритет треба да биде надзорната улога на Собранието за спроведување на Уставот и законите.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа веднаш да се разговара, со цел што е можно побрзо да се одржи надзорната расправа, но потенцираа дека пратениците не се судии. Евентуална одговорност утврдуваат судските органи.

И власта и опозицијата согласни, граѓаните не смеат да бидат оставени во неизвесност, ниту да ги трпат последиците од институционалните пропусти. За да се одржи надзорната расправа, потребно е исполнување на деловничките предуслови.

Милчо Велески