Собрание

Во Собранието средношколци и пратеници ќе дебатираат за дезинформациите и вештачката интелигенција

03.11.2026 08:22

Дебатата под наслов „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“ што го организира Институтот за комуникациски студии (ИКС), во соработка со Собранието преку Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики, е замислена како директен дијалог меѓу средношколците и пратениците, со цел да се слушнат искуствата, навиките и предизвиците со кои се соочуваат младите во дигиталниот простор.

Средношколци и пратеници денеска во Собранието ќе дебатираат за начинот на кој младите се информираат, влијанието на социјалните мрежи и инфлуенсерите врз нивното мислење, како и за препознавањето на дезинформациите и содржините создадени со вештачка интелигенција.

Дебатата под наслов „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“ што го организира Институтот за комуникациски студии (ИКС), во соработка со Собранието преку Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики, е замислена како директен дијалог меѓу средношколците и пратениците, со цел да се слушнат искуствата, навиките и предизвиците со кои се соочуваат младите во дигиталниот простор.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат улогата на социјалните мрежи, креаторите на содржини и инфлуенсерите во обликувањето на ставовите на младите, како и нивната способност да препознаат дезинформации, манипулативни пораки и содржини генерирани со вештачка интелигенција.

Ќе се разговара и за тоа дали актуелните наставни програми одговараат на новите информациски предизвици и какви образовни политики и решенија се потребни за унапредување на медиумската писменост.

Во дебатата ќе учествуваат средношколци од седум училишта од Скопје, Прилеп, Валандово, Велес и Липково, заедно со пратеници и претставници на институциите и организациите вклучени во настанот.

Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието, Африм Гаши и британската амбасадорка Маја Сивањанам.