Македонија

Министерот Мисајловски ќе ги соопшти плановите за повисоки плати во одбраната

03.11.2026 08:56

Зголемувањето на платите на припадниците на Армијата и вработените во одбраната ќе биде во фокусот на денешната прес-конференција на министерот Владо Мисајловски.

Платите на припадниците на Армијата и вработените во одбраната ќе бидат тема на денешната прес-конференција на министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Најавено е дека министерот ќе ги соопшти плановите за зголемување на примањата, кое треба да стапи во сила од почетокот на следната година.

На прес-конференцијата ќе учествуваат и претставници на синдикатите од Армијата и одбраната, кои ќе бидат дел од разговорите за најавените промени во платите.