АЛТА банка пред собраниска комисија – договорена надзорна расправа
Власта и опозицијата се договорија за одржување надзорна расправа за случајот со АЛТА банка – Битола на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Во фокусот ќе бидат причините за воведувањето администрација, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност. Денеска ќе се одржи координација за утврдување датум за продолжување на расправата ...

На собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе има надзорна расправа за случајот со АЛТА банка-Битола, се договорија власта и опозицијата. Ќе се расправа за причините за воведувањето администрација, постапувањето на Народна банка и институционалната одговорност.
Во Собранието денеска ќе има координација за усогласување на ставовите и утврдување датум на продолжување на комисијата. Првичниот предлог од СДСМ изменет по барање на ВМРО-ДПМНЕ. Изоставени последните зборови „за измамата на граѓаните“.
Од владејачката партија велат дека не бегаат од дебата, но таа не треба да не се политизира. Според опозицијата, случајот со АЛТА банка отвора сериозни прашања за надзорот врз банкарскиот систем, заштитата на штедачите и одговорноста на надлежните институции.
