МВР

Претреси во Штип и Скопје за компјутерски криминал на УГД

03.11.2026 10:45

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во рамки на истрага против раководител на информатичкиот сектор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и компјутерски криминал, поврзани со сомнителни промени во студентската евиденција ...

Се вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје, во рамки на истрага против раководител на информатичкиот сектор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничен за злоупотреба на службената положба и компјутерски криминал, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Истрагата, се однесува на сомнителни интервенции во електронската евиденција на студентите, вклучително и менување испитни бодови, бришење оценки и овозможување запишување семестри без исполнети услови.