УХМР

Стабилно и суво време во следните денови, за викендот утринските температури под нула

03.11.2026 15:32

Од утре следува период на стабилно и суво време со променлива облачност и повремени сончеви периоди. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за утринска магла, а за време на викендот се очекуваат постудени утра, кога минималните температури на некои места ќе се спуштат под нулата.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец.

Од петок облачноста ќе се намали, а во деновите од викендот ќе преовладуваат постудени утрински температури.