Кривичен суд

Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

03.11.2026 14:34

Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Судот ја прифати понудената гаранција од 1 милион и 100 илјади евра во недвижен имот. Покрај гаранцијата, определени му се и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа, забрана за издавање нова и редовно јавување во Судот.

Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1 милион и 100 илјади евра во недвижен имот.

Одлуката е донесена по предлог на одбраната на Бајрами, поднесен на 14 октомври, за замена на мерката притвор со гаранција.

Судот му определи и дополнителни мерки на претпазливост: одземање на патната исправа, забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница и редовно јавување во Судот.