Е-трговијата расте, но готовинското плаќање и натаму доминира
Над 950 милиони евра потрошиле граѓаните во земјава за онлајн купување во текот на една година, што е раст од 32 проценти во споредба со претходната година. И покрај растот, е-трговијата се соочува со предизвици – недоволна дигитална писменост, ограничена понуда на домашни онлајн продавници и проблеми со доставата ...

Купуваат електронски-плаќаат кеш, недоволната дигитална писменост кај потрошувачите, недоволната понуда на онлајн продавници, доставата се дел од предизвиците на е-трговијата во земјава. Но, и покрај тоа над 950 милиони евра потрошиле нашите граѓани за една година на електронско купување што е за 32 насто повеќе од претходната. Безготовинското плаќање бележи раст, но доминира готовинското. Е-трговијата е можност за намалување на сивата економија.
Само 16 насто од домашните компании примаат нарачки преку интернет. Излезот на домашните компании на странските пазари значи повеќе потрошувачи. За поголема конкурентност пак, неопходна е дигитализација – порача министерот Андоновски.
Андоновски истакна дека околу 20 милиони трансакции биле реализирани преку платформата за интероперабилност во октомври, што го прави овој месец најуспешен досега според обемот на користење.
Александра Велинова
