Догодина нови лекови на позитивната листа, најави Клековски
Со новиот закон за лекови задолжително ќе биде раното известување за можен недостиг, план за спречување на прекин на терапијата, институционалната одговорност кога лекот не е достапен. Законот за лекови ќе ја регулира и ценовната политика која мора да ги заштити пациентите. Министерот најави дека нови лекови на позитивната листа ќе има догодина...

Онколошките пациенти со надеж дека новиот закон за лекови ќе ги реши досегашните проблеми, да ја добиваат терапијата во континуитет. Задолжително ќе биде раното известување за можен недостиг, планот за спречување на прекин на терапијата, институционалната одговорност кога лекот не е достапен. Очекуваат набавките да бидат долгорочни, а вакуум просторот да се регулира со дополнување на набавките од самите компании.
Законот за лекови ќе ја регулира и ценовната политика која мора да ги заштити пациентите, се предвидува транспарентност при формирање на цените, механизми за намалување на доплата и споредување во регионот.
Со новиот закон е предвидено да се анализира и потрошувачката на лекови која ќе помогне во креирање на здравствените политики. Министерот најави дека нови лекови на позитивната листа ќе има догодина.
Наташа Јанчиќ – Менковски
