Евроинтеграции

Европската комисија денеска го претставува Пакетот за проширување за 2026 година

04.11.2026 08:55

Документот ќе ги оцени реформите во владеењето на правото, демократијата и економијата, а ќе ги содржи и препораките за натамошниот процес на пристапување.

Европската комисија денеска ќе го објави годишниот извештај за напредокот на десетте земји-кандидати за членство во Европската унија. Документот ќе ги оцени реформите во владеењето на правото, демократијата и економијата, а ќе ги содржи и препораките за натамошниот процес на пристапување.

Пакетот за проширување ќе го претстави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Се очекува да бидат презентирани и планови за пристапување за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина.

Според нацрт-верзијата на годишната оценка, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите со ЕУ до декември 2026 година, додека Србија, Босна и Херцеговина и Косово не бележат напредок во фундаменталните области.