Собрание

Ученици во Собранието ќе учат за демократијата и улогата на новинарството

04.11.2026 10:38

Како новинарството придонесува за развојот на демократијата и колку е важна медиумската писменост – овие теми ќе бидат во фокусот на денешниот настан во Собранието, наменет за ученици од основните училишта. На средбата ќе се обратат собранискиот спикер Африм Гаши и претставник на швајцарската амбасада.

Во Собранието денеска ќе се одржи едукативен настан под мотото „Новинарство во акција – учиме за демократија“, преку кој учениците од основните училишта ќе имаат можност поблиску да се запознаат со улогата на новинарството во демократското општество.

На настанот се најавени обраќања на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и на амбасадорот или заменик-амбасадорот на Швајцарија.

Во рамки на програмата, ученици од МААРИФ Меѓународното училиште, ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ од Скопје ќе ги претстават проектите на своите училишта.