Украина
Поранешната портпаролка на Зеленски под истрага за велепредавство
04.11.2026 13:07
Против Мендел е покрената постапка поради сомневање дека спроведувала информативни и субверзивни активности насочени против Украина...

Поранешната портпаролка на Зеленски, Јулија Мендел е под истрага за велепредавство. Постапката се води во отсуство бидејќи таа моментално се наоѓа во странство.
Според информациите, против Мендел е покрената постапка поради сомневање дека спроведувала информативни и субверзивни активности насочени против Украина.
Сомневањата се однесуваат на кривични дела велепредавство извршени за време на воена состојба, како и на оправдување, прогласување за легална или негирање на руската вооружена агресија.
