Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело
Ова највисоко општинско признание, Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот. Михајлова е актерка со богат репертоар...

Годинешна добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело е актерката Соња Михајлова. Ова највисоко општинско признание, Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот.
Михајлова е актерка со богат репертоар. Има одиграно околу 150 значајни улоги во класичниот и во современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и со светски режисери.
Нејзината посветеност, длабочината на интерпретација и неуморна љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност.
Ружица Аџикотарева – Ѓоршевска
