Сообраќај

„Сејф сити“ и Националната стратегија за помалку жртви во сообраќајот

04.11.2026 17:02

Во последниве 3 ипол децении, Македонија во просек годишно бележела по 150 жртви во сообраќајот. Во 2026-та, за 10 месеци има 84, што е за 33 помалку од лани. Но, сè уште сме далеку од посакуваната цел – бројките треба да се преполоват со новата Национална стратегија за безбедност на патиштата.

Со „Сејф сити“ до помалку човечки жртви во сообраќајот. За 10 месеци годинава трицифрените бројки на загинати од лани се намалил на двоцифрени. Ресорниот министер Тошковски говорејќи на промоцијата на Националната стратегија за безбедност во сообраќајот посочи дека три и пол децении претходно Македонија беше земја со поразителни 150 жртви во сообраќајот годишно, во 2026 таа бројка е 84, со што сепак не може да сме задоволни.

Експертите уверуваат дека сообраќајната инфраструктура мора да соодветствува на современите прилики за да се избегнат несакани тешки последици.

Од Советот за безбедност во сообраќајот потсетуваат на сложеноста на оваа проблематика и потребните мерки за соочување со нив.

Не изостана признанието дека македонските граѓани, сепак се најзаслужните бидејќи се посовесни учесници во сообраќајот од претходно. Очекувањата се со националната стратегија до 2030 година бројот на загинати лица да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година.

 

Фиљана Кока