Ескалација во Ормускиот теснец, Иран тврди дека уништил четири танкери
Нови тензии на Блискиот Исток по американските воени напади врз Иран. Иранската револуционерна гарда соопшти дека четири танкери биле уништени од морски мини во Ормускиот теснец, а уште два брода биле запленети...

Иранската револуционерна гарда соопшти дека четири танкери за нафта биле уништени откако налетале на морски мини во Ормускиот теснец. Според извештаите, другите два брода се запленети бидејќи се обиделе да поминат по забранетата јужна рута.
Инцидентот доаѓа еден ден откако САД потврдија дека извршиле воени напади врз Иран.
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави дека промените во политичката структура на Соединетите Држави – како и какви било потенцијални отстапки кон Вашингтон – нема да го променат непријателскиот став на таа земја кон Иран.
