Нема нови случаи на морбили
Нема новопотврдени случаи на морбили во земјава. Но, сега се следат контактите на заразените за да се спречи ширење на заразата, и се апелира децата редовно да се вакцинираат.

Нема нови случаи на морбили, надлежните ја следат здравствената состојба на сите што биле во контакт со заразените. Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје ги информирале сите засегнати страни каде што се движеле заразените, семејствата, градинката, болницата.
Три мали деца, 45-годишен маж и едно лице од Косово се заразени со морбили. Морбилите се пренесуваат многу лесно, кратка изложеност на вирусот во затворена просторија може да резултира со заразување. Доволно е едно заразено лице да биде во ходник или чекалница и да има многу новозаболени.
Министерството за здравство издало препораки до матичните лекари, како да постапуваат во услови кога на територија на Македонија има случаи на морбили, исто така, одредено е и во која здравствена институција ќе се лекуваат децата со морбили доколку им биде потребна хоспитализација.
Инфективната клиника ќе згрижува возрасни со морбили, доколку имаат потреба за болничко лекување. Постои реален ризик од епидемија, лекарите веќе долго време алармираат, бидејќи само 62% е опфатот со МРП вакцината.
Пред седум години кога во земјава почна епидемијата, 74% беше опфатот со вакцината против морбили. Над 1.000 деца без заразени, а четири починаа како последица на морбили.
Наташа Јанчиќ – Менковски
