Македонија

Рокас денеска ќе му го врачи на Мицкоски Извештајот на ЕК за напредокот на земјава

05.11.2026 08:18

Амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година...

Амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година.

По врачувањето на извештајот, амбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата, каде што ќе ги презентираат клучните оценки и забелешки од Брисел.

ЕК нотира дека независноста на правосудството останува нарушена, а корупцијата останува широко распространета.

Инаку, претседателот на Собранието, Африм Гаши вчера од амбасадорот Рокас официјално го примил Извештајот на Европската комисија.