Македонија

Шест институции со заеднички систем против криминалот и корупцијата

05.11.2026 09:35

Шест државни институции ќе воспостават заедничка дигитална платформа за размена на податоци и следење на предмети поврзани со организираниот криминал, корупцијата и перењето пари. Соработката ќе биде формализирана со меморандум во рамки на проект финансиран од Европската Унија...

Шест државни институции денеска ќе потпишат Меморандум за соработка со цел подобра координација и размена на податоци во борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Меморандумот е дел од проектот LERMS, финансиран од Европската Унија, кој предвидува воспоставување заедничка дигитална платформа за безбедна размена на податоци и следење на предметите низ целиот кривично-правен процес.

Документот ќе го потпишат Јавното обвинителство, МВР, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот.