Компаниите и институциите под лупа за загадувањето на воздухот во Скопје
Одговорноста на компаниите и институциите во борбата против загадувањето на воздухот ќе биде тема на денешната тркалезна маса во организација на Организацијата на потрошувачите на Македонија. Во фокусот ќе бидат конкретните мерки за почист воздух во Скопје, како и поголемата транспарентност и вклученост на бизнис-секторот.

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска организира тркалезна маса посветена на одговорноста на компаниите и институциите во справувањето со загадувањето на воздухот во Скопје.
На средбата ќе учествуваат претставници на бизнис-секторот, институциите, локалната самоуправа, експерти и организации на потрошувачите, со цел да се разгледаат конкретни мерки за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот.
Ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето за ставовите на потрошувачите, комуникацијата со компаниите и Водичот за граѓаните за чист воздух.
