Култура

„Тивки актери, гласни приказни“ – ретроспективна изложба за македонското куклено наследство

05.11.2026 12:00

Авторка на изложбата е Љубица Велкова, кураторка е Јасминка Намичева, а продукцијата е на Театарот „Сенки и облаци“.

Во Музејот на Македонија вечерва во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“, посветена на македонското куклено наследство и развојот на куклената уметност.

Авторка на изложбата е Љубица Велкова, кураторка е Јасминка Намичева, а продукцијата е на Театарот „Сенки и облаци“.

Поставката го претставува развојот на македонското кукларство од неговите почетоци во 1946 година до современите сценски остварувања, нагласувајќи ја куклената уметност како значајна уметничка дисциплина и дел од македонската театарска традиција.

Изложбата ќе може да се разгледа до 29 ноември.