Изречена пресудата за првата шпионска афера во Македонија

06.10.2014 12:57

Во Кривичниот суд изречена пресудата за првата шпионска афера во Македонија. За обвинетите вкупна затворска казна од 75 години и 6 месеци. Првообвинетиот Марјан Ефремов доби 15, а Горан Стојков 9 години затвор. Според обвинението,оддавале државни тајни, шпионирале, вршеле уцена и изнудувања...

15 години казна затвор доби првообвинетиот во случајот, поранешниот разузнавач Марјан Ефремов. Горан Стојков, поранешен генерал заработи затворска казна од девет години, а се товари освен за злосторничко здружување и изнуда и за недозволено држење и трговија со оружје.

Ослободен за делото шпионажа е поранешниот директор на управата за спречување перење пари, Ване Цветанов и доби казна од три години затвор. Меѓу повисоките казни добија Иџет Абди, Александар Динески, Цветан Дамјановски.

Слободан Милошевски доби условна казна, а најмалата казна од една година затвор судот му ја изрече на Ѓорѓи Хаџимицев.

Речиси цела година траеше процесот против обвинетите во случајот „Шпион“. Тие добија вкупна затворска казна од 75 години и шест месеци.

Адвокатите на обвинетите револтирани од пресудите бараа на нинвите клинети да им биде укината мерката притвор, но судот одлучи на  деветтемина осудени на повисоки казни затвор да им ја продолжи оваа мерка.

Според образложението на судијата Ѓоко Ристов, обвинетите освен што шпионирале, изнудувале, уценувале, измамувале, недозволено држеле оружје, оддавале државни тајни и дел од нив пристапувале во странски тајни служби.

Мозокот на операцијата бил ефремов кој заедно со Иџет Абди, Алексо Ангеловски и Зоран Костадиновски којшто работеле во македонските разузнавачки служби ја создале групата која работела за Грчка, Српска, Руска и за Унгарската тајна служба.

 

Фиљана Кока