САД

Венс почнува да се позиционира како можен наследник на Трамп

05.11.2026 10:46

Тврдењето на потпретседателот Џејмс Давид Венс дека војната е причината зошто републиканците изгубија на изборите, ги подгреа шпекулациите.

Сè погласни се тврдењата дека Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс почнува да се позиционира како можен наследник на Доналд Трамп на чело на Републиканската партија, по поразот на среднорочните избори. Тврдењето на потпретседателот Џејмс Давид Венс дека војната е причината зошто републиканците изгубија на изборите, ги подгреа шпекулациите.

„Несомнено, имаше места каде што можевме да имаме подобра излезност. Но, главниот проблем не е излезноста. Главниот проблем е тоа што многу луѓе кои гласаа за Трамп/Венс во 2024 година, во 2026 година гласаа за демократите“, изјави потпретседателот на САД, Џејмс Давид Венс.

Претседателот на САД, Доналд Трамп призна дека војната во Иран веројатно им наштетила на републиканците на среднорочните избори, но рече дека би ја донел истата одлука.

„Мислам дека е во голема мера точно бидејќи војната малку ја покачи цената на бензинот на краток рок. Но, во исто време, ако треба повторно да го направам тоа, ќе го направам. Иран не смее да има нуклеарно оружје“, нагласи претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп, исто така, изјави дека републиканците ќе победеле доколку тој бил на гласачкото ливче, посочувајќи на големите толпи луѓе на неговите митинзи.