Европа
Франција: Генерален штрајк поради зголемените трошоци за живот
05.11.2026 14:53
Приватниот и јавниот сектор се во блокада. Над 70 илјади полицајци одново се распоредени на улиците. Полицијата интервенираше во близина на средно училиште.

Уште рано утрово Франција пријави протести и блокади откако синдикатите повикаа на генерален штрајк поради зголемените трошоци за живот.
Приватниот и јавниот сектор се во блокада. Над 70 илјади полицајци одново се распоредени на улиците. Полицијата интервенираше во близина на средно училиште.
Според проценките на француската територијална разузнавачка служба на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 демонстранти.
