УХМР: За викендот утринските температури под нулата, од понеделник локален дожд
Стабилно време со сончеви периоди ќе се задржи до недела. За време на викендот се очекува утринските температури наместа да се спуштат под нулата, а во одделни котлини ќе има утринска магла. Од почетокот на следната седмица се очекува променлива облачност и услови за слаб локален дожд.

Стабилно време со сончеви периоди ќе преовладува до недела, соопштуваат од УХМР. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
Потоа, до средината на следната седмица, времето ќе биде променливо облачно, со услови за слаб локален дожд.
Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
