Статистика

Извозот пораснал за 10,8%, увозот за 7,9% во првите девет месеци од годинава

05.11.2026 12:51

Надворешнотрговската размена на Македонија бележи раст во периодот јануари – септември 2026 година. Вкупната вредност на извозот достигнала 408,2 милијарди денари, што е зголемување од 10,8% во споредба со истиот период лани. Увозот изнесувал 566,1 милијарда денари и е зголемен за 7,9%. Најголем дел од трговската размена е остварен со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија.

Извозот на стоки од Македонија во периодот од јануари до септември годинава достигнал вредност од 408,2 милијарди денари, односно 6,6 милијарди евра, што претставува раст од 10,8% во споредба со истиот период минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозот во истиот период изнесувал 566,1 милијарда денари, или 9,2 милијарди евра, што е зголемување од 7,9%.

Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони и бродови, како и деловите на седишта.

Кај увозот најзастапени се нафтените масла, платината и легурите на платина, другите метали од платинската група, како и моторните возила за превоз на лица.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7% во вкупната размена.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,8% во вкупната надворешнотрговска размена на Македонија.