Статистика

Цените на угостителските услуги во октомври намалени за 1,8 отсто

05.11.2026 18:45

Цените на угостителските услуги во октомври годинава се намалени за 1,8% во споредба со септември, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето се должи на пониските цени на ноќевањата, кои бележат пад од 9,9%. Истовремено, цените на храната, алкохолните и безалкохолните пијалаци бележат мало зголемување.

Цените на угостителските услуги во октомври годинава се намалени за 1,8% во споредба со претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо намалување е регистрирано кај ноќевањата, каде што цените се пониски за 9,9%. Наспроти тоа, кај храната е забележано зголемување од 0,1%, кај алкохолните пијалаци од 0,2%, а кај безалкохолните пијалаци од 0,1%.

На годишно ниво, односно во споредба со октомври минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за 1,6%.

Во периодот јануари – октомври 2026 година, во споредба со истиот период лани, растот изнесува 2,9%, додека во однос на декември 2025 година цените се повисоки за 1,5%.