Македонија

Дигитализацијата како алатка во борбата против корупцијата и организираниот криминал

05.11.2026 19:05

Дигитализацијата и размената на информации меѓу институциите треба да ја зголемат ефикасноста на судовите и да придонесат во борбата против високата корупција, организираниот криминал и тероризмот.

„Предметите за висока корупција и понатаму се соочуваат со одложувања и често застаруваат, што придонесува за перцепцијата на неказнивост“, се наведува во извештајот на Европската комисија. Надлежните институции уверуваат дека со меѓусебното вмрежување преку дигитализација ќе се подобрат отчетноста и ефикасноста на судовите. Модернизацијата на националната капацитети значи и успешно справување со безбедносните предизвици и координирано постапување вели заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

Дигитализацијата е насушно потребна за следење на предистражната постапка според директорот на финансиска полиција, Ивановски.

Интегрираниот пристап и дигиталната размена на информации е клучен предуслов во борбата против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот.

Александра Велинова