Нов гол-рекорд на Роналдо
Фудбалскиот блесок на Кристијано Роналдо со секое ново истрчување на теренот се зголемува.Настапот против Атлетик Билбао во кој Реал Мадрид славеше со 5:0, Роналдо го заврши со три постигнати гола.Трет пат во сезонава, по мечевите со Елче и Ла Коруња, Роналдо три пати ја погодува противничката мрежа.

Фудбалскиот блесок на Кристијано Роналдо со секое ново истрчување на теренот се зголемува.Настапот против Атлетик Билбао во кој Реал Мадрид славеше со 5:0, Роналдо го заврши со три постигнати гола.Трет пат во сезонава, по мечевите со Елче и Ла Коруња, Роналдо три пати ја погодува противничката мрежа. Тоа беше 22-от негов„хет-трик“откако пред пет години го облече дресот на Реал Мадрид.Остварување со кое се искачи на врвот на статистичката графа од шпанската „Примера“, во која цела вечност стојат имињата на гол-великаните од минатиот век Телмо Зара и Алфредо Ди Стефано.Од вчера им се придружи Роналдо.Тоа е уште еден од многуте негови рекордни дострели во кариерата.
Телмо Зара беше голгеретска ѕвезда на Атлетик Билбао во 50-те години.Во 277-те настапи за најпопуларниот баскиски клуб, Зара 22 пати постигнуваше повеќе од три гола. Алфредо Ди Стефано, славниот Аргентинец кој одигра 331 натпревар во дресот на Реал Мадрид, во 60-те години успеа да застане до рамо со Зара. Роналдо многу брзо стигна до новиот подвиг, само после 171 настап за Кралскиот клуб.Игра фантастично и прашање е само на момент кога зад себе ќе ги остави Зара и Ди Стефано.Од актуелните играчи во „Примера“ во „хет-трик“ трката е само Меси, кој19 пати досега постигнал три и повеќе гола, но тој е две години помлад од Роналдо.
