Израелски и македонски хирурзи извршиле 16 операции на повредените во дискотека „Пулс“
Медицинските тимови од израелскиот центар „Шеба“ и од домашните здравствени установи досега извршиле 16 хируршки операции на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Функционалност на екстремитетите била цел на интервенциите...

Осумдесетина пациенти од 200-те повредни во кочанската дискотека „Пулс“ имаат поголем број на лузни или лузни што имаат одреден третман. Шеснаесетмнина деновиве се оперирани од домашни и израелски хирурзи. Функционалност на екстремитетите била цел на интервенциите направени во кочанската болница и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
„По интервенциите ќе следува процес на оздравување, преврски, рехабилитација, физикална терапија. Самиот третман кога им се враќа функционалноста има и психолошки момент. Битна е негата и грижата и од онаа што го видовме на терен, лекарите завршиле одлична работа и грижата е постојана“, изјави д-р Моти Харац – директор на Националниот центар за изгореници „Шеба“.
Интервенции на лице и врат треба да се направат кај дваесетина пациенти. На Клиниката за дерматологија ќе почне третмани со ЦО2 ласер.
Македонските лекари се во постојана комуникација со нивни колеги од Белгија, Австрија и Хрватска за совети и сугестии во однос на лекувањето на пациентите.
Од повредените во „Пулс“ четворица не можат да функционираат самостојно, имаат потреба од помош од друг.
Наташа Јанчиќ – Менковски
