Питомците од 18-та класа на Воената академија положија свечена заклетва

06.10.2014 13:22

Со дипломирањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, питомците се здобиваат и со цивилно звање дипломиран менаџер по одбранбено-безбедносни ресурси...

На воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ свечена заклетва на питомците, студенти од првиот циклус студии во учебната 2014-2015-та година. Заклетва дадоа и слушателите за стручно оспособување и усовршување за родот авијација.

Во оваа класа школувањето го започнаа 42 студенти, меѓу кои тројца од Црна Гора, тројца од Косово и еден од Босна и Херцеговина, а 25 се за потребите на Министерството за одбрана, 7 се за потребите на странските армии и 10 студенти од цивилните насоки. Меѓу нив седум се девојки.

Со дипломирањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, питомците се здобиваат и со цивилно звање дипломиран менаџер по одбранбено-безбедносни ресурси.

Министерот Јолевски честитајќи им ја заклетвата им порача на питомците дека едукацијата е најголемата инцестиција и клучот за иднината на секој човек.

Воената академија, потенцира, е срцевината на офицерскиот кор, место каде се добиваат високо обучени професионални војници, со високи морални и етички вредности.